| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантно: Бизарен ритуал на православни свештеници во кој учестува и полицијата (видео)

Шокантна снимка на истерување на ѓавол од една девојка пред 300 илјади православни верници кои дошле на годишната прослава посветена на Света Петка пред црква во Јаши во Романија каде што се наоѓаат моштите на оваа светици, ја остави светската јавност без текст.

8300cfd2b14f9de0c7439129e8c723aa

На снимката се гледа девојка во црнина со марама на глава која е вознемирена, се губи, почнува да вреска, а Брзата помош повикала полицајци да ја изнесат од масата и да ја однесат со амбулантната кола.

Кога ја извлекле од толпата, им пришла старица која сметала дека на девојката и е потребна духовна помош.

Старицата, со помош на полицијата ја одвеле девојката, која сето време врескала и давала отпор. Кога дошле до сандакот во кој биле моштите на Света Петка, бабата ја притиснала главата на девојката на ковчегот, а се придружил и свештеникот. Тој ги замолил полицајците да ја придржат девојката додека од неа го истеруваат ѓаволот.

На крајот девојата паднала во бесознание, а Брзата помош ја одвела во болница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top