| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн рутински до трите бода, изненадувањето Лајпциг не се предава (видео)

levandovski

Баерн Минхен се задржа на првото место на табелата во Бундес-лигата, откако попладнево славеше со 1-3 на гостувањето против Аугсбург. Откако пред неколку дена го совладаа истиот ривал во Купот на Германија, избраниците на Карло Анчелоти уште почесно славеа во првенствениот дуел. Прашањето на победникот беше решено во почетните дваесет минути, кога Левандовски и Робен по меѓусебни асистенции донесоа водство од 0-2. Левандовски зголеми на 0-3 на самиот старт на второто полувреме, пред Ко да ги постави конечните 1-3.

Веднаш зад Баерн на табелата сосема неочекувано се наоѓа Лајпциг, откако новиот прволигаш ја продолжи серијата одлични резултати со триумф од 0-2 на гостувањето против Дармштад. Две опасни акции од десната страна беа крунисани со голови на Сабицер, со што Лајпциг останува само два бода зад баварскиот гигант во трката за титулата.

Кризата на Волфсбург дополнително се продлабочи со поразот на домашен терен од Баер Леверкузен со 1-2. Волфсбург имаше предност од минимални 1-0 по првото полувреме, но во вторите 45 минути „фармацевтите“ направија целосен пресврт и со погодоците на Мехмеди и на Једвај стигнаа до цел плен.

Резултати Германија:

Аугсбург – Баерн Минхен 1-3, Вердер – Фрајбург 1-3, Мајнц – Инголштад 2-0, Вофлсбург – Баер Л. 1-2, Дармштад – Лајпциг 0-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top