| четврток, 6 декември 2018 |

Ако имаме стабилна влада, ќе имаме решавање на проблемите и стабилна држава

– Ако имаме стабилна влада ќе имаме решавање на проблемите и стабилна држава.  Ако имаме нестабилна влада и проблеми во Собранието, во владата тогаш ќе се зголемуваат проблемите – изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој денеска оствари посета на општина Боговиење каде се сретна со жителите.

gjorcev-1-640x435

Главните проблеми тука се поврзани во делот на инфраструктурата, патишта, здравствена заштита.

– За да решаваме што е можно повеќе проблеми потребно ни е да имаме стабилна влада. Приоритетите на граѓаните се наши приоритети и затоа се насочуваме кон решавање на реалните проблеми кои ги мачат граѓаните и подобрување на условите за живот – додаде Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top