Цели три години луѓето не можат да се договорат дали на една фотографија е Том Хенкс или Бил Мареј.
Ова е Том Хенкс.
А ова е Бил Мареј.
Се работи за фотографија на која актерот држи расплакано бебе и го имитира. Фотографијата е првпат објавена во 2013 годиниа. На групата “Reasons My Son Is Crying” на Фејсбук ја објавила мајката на детето и оттогаш не им дава мир на корисниците на социјалните мрежи кои се караат за тоа кој е актерот со расплаканото бебе.
Што мислите вие, кој е актерот на фотографијата Том Хенкс или Бил Мареј или некој трет човек кој личи на двајцата?
Всушност, мистеријата е одамна решена, само што никој не сакал да ја слуша мајката. Таа уште веднаш открила дека на фотографијата е Бил Мареј.
-Бил е прекрасен, духовит, се фотографира со обожавателите. Син ми го виде и почна да плаче. Има уште една фотографија, на не а не плаче, туку се смешка, вели Лора, чиј син Алексанар во тоа време имал 8 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.