Додека на хрватскиот остров Вис се подготвува снимањето на продолжението на филмот „Мама миа“, нова холивудска екипа се подготвува за доаѓање во Хрватска. Нивната дестинација е Хвар, каде што идната пролет ќе се снима високобуџетниот акциски трилер „Black Money Games” во режија на Адам Рајт, а во главаната улога е Том Хенкс, холивудскиот актер.
Во продукцискиот тим е и српската актерка Катарина Радивојевиќ, која го толкуваше главниот лик во хит-филмот „Зона Замфирова“.
Популаранта Зоне, која ја гради кариерата во САД, во филмот на Рајт ќе има една од главните улоги, заедно со Хенкс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.