| четврток, 6 декември 2018 |

Познат сликар ја уби сестра си со секира, па повикал полиција

Звонимир Властиќ (64), сликар од Белград ја убил вчера својата сестра Светлана Властиќ (62) исто така позната уметничка.

Тој ја усмртил со секира во главата, а потоа се обидел и да се самоубие така што си го прескол вратот и вените на рацете.

ubistvo-vozdovac

Семејната трагедија се случила во нивната семејна куќа. Брзта помош го згрижила Звонимир, а потоа со придужба на полиција бил пренесен во Ургентниот центар каде е хоспитализиран.

Како што дознава српски Ало, по злостосторството сликарот најпрво го повикал синот, а потоа и поицијата. Според непотврдени информации, раните кои Ѕвонимир си ги нанел на себе биле површински, и тоа не ја исклучува можноста дека сакал само да симулира самоубиство. Мотивот поради што дошло ова злосторство се уште се утврдува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top