УМС на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со шведската фондација „Јарл Хјалмарсон“ од вчера до недела во хотелот „Мериот“ во Скопје, организира младинска конференција „Политичка комуникација и стратегии за кампања“.
Обраќање и предавање на конференцијата ќе одржи Владимир Нелоски, претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ.
На конференцијата предавање ќе одржат и гостите од Шведска Клара Варен, претседател на комисијата за мегународни односи во Советот на Стокхолмскиот регион, Фредерик Завештал, член на Националниот совет на партијата Вилма Елеонора Фрулих, проект-менаџер на фондацијата.
Учество на овој семинар ќе земат и околу 30 членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од повеќе општини од Македонија.
На конференцијата ќе се обратат и ќе одржат предавање Владимир Божиновски, директор Институтот за политички истражувања и Владимир Ѓорчев, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Со одржување на вакви настани УМС на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е младинска организација во чекор со нејзините европски сестрински организации и со ништо не заостанува зад истите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полни штабови и позитивна атносфера – Младите сили на ВМРО-ДПМНЕ со низа активности и состаноци (Фото)
-
Нелоски: УМС e движечката сила на ВМРО-ДПМНЕ и на државата
-
Груевски: ВМРО-ДПМНЕ движи напред, одиме со нов план за победа на идните парламентарни избори (Видео)
-
Груевски: ВМРО никогаш не стои, ВМРО се движи, се движи напред и успева