Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри пред вечерашниот дерби-дуел со Наполи вели дека мечот не е нешто посебно важен, затоа што со сигурност нема да одлучува за титулата во Серија А.
Алегри е свесен дека Наполи е еден од двата најголеми ривали на Јувентус за титулата, но истакнува дека за неговиот тим в среда следи натпревар кој е многу поважен од оној со „наполитанците“.
– Секој натпревар секако е важен, но за нас далеку поважен е оној кој во среда го играме со Лион. Првенството е долго и има уште многу натпревари за играње, па овој дуел со Наполи сигурно нема ништо да одлучува. Само е 11. коло, има уште многу за игра. Затоа натпреварот со Лион ни е поважен, затоа што сакаме да обезбедиме пласман во следната фаза од Лигата на шампионите – вели Алегри и дополнува:
– На денешен ден минатата година бевме 12-ти на табелата и загубивме од Сасуоло. Многу нешта се променија во оваа една година, но ве потсетувам дека титулата ја осигуравме во март.
Натпреварот меѓу Јувентус и Наполи се игра вечерва со почеток од 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.