Германскиот селектор Јоаким Лев договори продолжување на соработката со Фудбалскиот сојуз на оваа земја.
Лев, кој е полни десет години на клупата на Германија, како што пренесува „Билд“ сега се одлучил да го продолжи договорот за соработка до летото 2020 година. Наредниве денови се очекува новиот договор меѓу двете страни и официјално да биде потпишан.
Актуелниот договор на Јоаким Лев му завршува во 2018 година, по Светското првенство во Русија. Но, еден од најдобрите селектори на Германија во историјата, ќе ги предводи Германците потоа и низ уште еден квалификациски циклус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.