Вечерва во Торино се игра големото дерби во Италија меѓу екипите на Јувентус и Наполи. Најголемо внимание предизвикува Аргентинецот Гонзало Игуаин кој ова лето го облече „црно-белиот“ дрес на Јувентус, а дојде токму од редовите на Наполи. Тоа предвизика вистински гнев кај навивачите на наполитанците, но според реакциите и на сите граѓани на Неапол.
Градоначалникот на Наполи зборуваше за „предавникот“ и му порача да биде претпазлив кога ќе дојде со Јуве на гостување на пролет во Неапол.
– Навивачите имаа неверојатен однос со него. Кога се реши за трансферот мислам дека многу работи паднаа во вода. Колку и да звучи сурово, но Пипита нема да може слободно да се прошета низ Неапол кога би посакал. Ќе мора да има илјадници луѓе околу него и детектор за метал за да може да го направи тоа – вели градоначалникот.
По сезоната во која постигна неверојатни 36 гола во дресот на Наполи, Игуаин се одлучи за незамисливото и се пресели во Торино за да игра за екипата на Јувентус. Токму денеска за првпат Аргентинецот ќе се соочи со својата бивша екипа, на домашен терен во Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.