| четврток, 6 декември 2018 |

Довициозо од пол-позицијата ќе ја стартува утрешната трка на Сепанг во МотоГП шампионатот

doviciozo

Италијанскиот моторциклист и возач на Дукати Андреа Довициозо утрешната нова трка од МотоГП шампионатот што се вози во Малезија на патеката Сепанг ќе ја стартува од најпосакуваното место, односно од првата стартна позиција.

Тој беше најбрз во однос на конкуренцијата и за повеќе од две десетинки извозе побрз круг од двоецот на Јамаха, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо.

Поголемиот дел од втората квалификациска сесија, Хорхе Лоренцо беше најбрз. Минатогодишниот шампион постави најбрзо време веднаш по стартот на сесијата (2:13.746) кое подоцна се покажа како сосема доволно за старт од првиот ред, но од третото место. Валентино Роси во својот последен круг покажа што умее, но беше две десетинки побавен од Довициозо кој неколку минути претходно го постави најбрзото време.

Последните неколку минути минаа без никакви промени, па така Маркез, актуелниот шампион остана како четвртопласиран, Андреа Јаноне кој повторно се враќа во МотоГП по повредата во Сан Марино извозе солидно време за старт од шестата позиција.

Трката се вози утре со почеток од девет часот по средноевропско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top