| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Џонг Рамбо (ВИДЕО)

Севернокорејските власти објавија нов акционен филм… всушност, ново пропагандно видео. Во главна улога, кој друг, ако не Ким Џонг Ун. Во видеото од саат и кусур (скоро колку игран филм), Ким наводно управува со авион, вози подморница и пука со пиштол. Војниците, од друга страна, при неговата посета, аплаудираат, мафтаат и скокаат од радост како мали деца. Буквално како мали деца.

Патем, во случајот со авионот, јасно се гледа дека Ким глуми пилот, а авионот е управуван од копилотот. Ама тоа не е тема на муабет. Тема на муабет е што Ким Џонг Ун ја оправи севернокорејската армија. Тоа е насловот на пропагандното видео: „Ким Џонг Ун, големиот врховен командант, консолидација на моќната армија“. Комотно можеле да го насловат Рамбо 5 (Сталоне најави дека ќе снима петти дел, ама се пишмани).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top