| четврток, 6 декември 2018 |

Доживотна забрана за 220 навивачи Вест Хем (ГАЛЕРИЈА)

Карен Брејди, потпретседателката на фудбалскиот клуб Вест Хем јунајтед, објави дека речиси била завршена идентификацијата на навивачите на клубот кои ги предизвикале нередите на натпреварот со Челзи, одигран во рамките на Лига купот.
Потпретседателката на Вест Хем, потенцирала дека 200 навивачи на клубот повеќе никогаш нема да можат да влезат на стадионот на клубот за кого навиваат.
„Тие го посрамија клубот. 55 илјади навивачи имаме на листата на чекање за нашите сезонски билети, во момент кога на стадионот се наоѓаат луѓе кои ние не сакаме да се таму, луѓе кои не сакаме да се блиску до Вест Хем“, напишала Брејди на Twitter.
По вознемирувачките сцени од Олимпискиот стадион во Лондон, на кој Вест Хем е домаќин од оваа сезона и клубот порача дека таквите навивачи не им се потребни.
„Одговорни се за анти-општествено однесување, кое вклучува закани, пцости, физички пресметки и обид за раздвојување на навивачките групи, како и фрлање на парички и пластични шишиња, едноставно не се пожелни на нашиот стадион“, порачаа од Вест Хем.
Инаку, ден по натпреварот, насловните страници на водечките светски медиуми беа исполнети со слики од насилствата на Олимпискиот стадион во Лондон, слики кои на англиските стадиони не беа видени речиси три децении.
Инцидентите стигнаа и до англискиот Парламент, откако Марк Филд од комисијата задолжена за фудбалот, предложил Вест Хем, поради лошата организација да биде казнет една или две средби како домаќин да одигра без присуство на публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top