Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 59. седница го усвои Извештајот за состојбата на Избирачкиот список и донесе заклучок Избирачкиот список да се даде на јавен увид.
Согласно извештајот, според податоците на Државниот завод за статистика, право на јавен увид имаат 1.783.734 лица, колку што се регистрирани во Избирачкиот список. Покрај нив, јавен увид може да извршат и уште 29.858 лица чии записи се утврдени како спорни.
Според роковникот на ДИК, јавниот увид ќе трае до 11 ноември, а во тек е и постапката за собирање потписи за независните кандидатски листи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот