Прегазен пешак во Аеродром
На раскрсницата меѓу булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ во населба Аеродром, вечерва околу 20 часот, возило „Сузуки“ со скопски регистарски таблички удрило во пешак.
Според првичните информации на МВР, повреденото лице со повреди е пренесено во една од скопските клиники.
Полицијата е на местото на настанот и ќе врши увид поради што се уште не може да го соопшти идентитетот на пешакот, ниту на лицето кое управувало со возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.