| четврток, 6 декември 2018 |

Студентка падна од 11 кат (видео)

Студентката удри со сета сила врз паркиран автомобил и целосно го смачкала покривот од возилото. Од силината на ударот таа загуби свест. За среќа таа остана жива иако на снимките од безбедносните камери, по падот останува неподвижно да лежи .

devojka-pala-sa-11-sprata-zgtade-620x350 Вресок, а после неколку секунди и силен удар, слушнале соседите во една од московските населби каде што студентка паднала од 11 кат. Настанот се случил во раните утрински часови кога од засега непознати причини девојката одеднаш излетала од нејзиниот стан и полетала надолу кон паркингот.

Студентката удрила со сета сила врз паркиран автомобил и целосно го смачкала покривот од возилото. Од силината на ударот таа загубила свест и, како што може да се види од снимките од безбедносните камери, останала да лежи неподвижно врз здробениот автомобил.

devojka-1Сепак, како што објавува рускиот канал „Москва 24“, девојката го преживеала ударот. Кога на местото пристигнале медицинските екипи, се шокирале откако увиделе дека младата студентка, иако лежи неподвижно, сè уште е жива и дише. Таа веднаш била префрлена во болница, каде што лекарите продолжиле да се борат за нејзиниот живот.

Причините поради кои дошло до трагичниот пад сè уште се непознати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top