| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту Брисел не не условува како Приштина- Николиќ за ултиматумот од Косово

Ниту Брисел не ни поставува услови како косовските Албанци, рече српскиот претседател Томислав Николиќ по ултиматумот за признавање на независноста со кој Приштина го услови продолжувањето на дијалогот. А во случај Владата на Србија да не постапи по тие барања, додава Николиќ, ја има целосната негова поддршка.

Србија ќе бара продолжување на дијалогот, а Приштина е таа која бара прекинување.

-Едностраните барања на Приштина можеби се нивен израз да се прекине дијалогот- оценува Николиќ. Тој не сакаѓе да влегува во шпекулациите дали барањата се иницирани од оние кои го признале Косово или оние кои сега тоа го промовираат, но постави прашање „Како да прифатиме условувања кои ниту ЕУ не ни ги поставила?“

-Србија ќе инсистира кај сите релевантни фактори, а пред се во Брисел, да се влијае на Албанците да се воздржат од такви барања или ќе мора да повлечеме некои други чекори- додава српскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top