| четврток, 6 декември 2018 |

Највисока инфлација во Германија во последниве две години

Германија се соочува со највисоја стапка на инфлација во последниве две години, што според експертите значи дека мерките на Европската централна банка (ЕЦБ) даваат резултат.

Државната статистика агенција Дестатис денеска објави дека цените на производите споредено со октормви минатата година се повисоки за 0,8 отсто. Сепак, германската инфлација се уште е под стапката од 2 проценти што според ЕЦБ, се смета за поволна за економски развој.

– За економија која во моментов нема проблеми со невработеноста и има позитивен трговски биланс, стапката на инфлација од околу еден отсто е екстремно умерена, смета аналитичарот на „ИНГ Диба“ банката Карстен Брцески.

Најголем пораст на цените од 1,4 отсто е забележан во секторот изнајмување на станови, а цените на храната се речиси непроменети.

Цените на енергијата се меѓу главните причинители за повисоката инфлација во земјата, што е добар сигнал за ЕЦБ која воведе историско ниски каматни стапки со цел да се бори против дефлацијата во Еврозоната и да ја раздвижи европската економија.

Во останатите членки на Еврозоната инфлацијата во месец октомври е на значително пониско ниво од 0,4 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top