Пред две недели, шпанските медиуми не заборавија да ја одбележат 20-годишнината од фудбалското ремек-дело на Бразилецот Роналдо кое своевремено предизвика позитивен фудбалски „земјотрес“ на Пиринеите, но синоќа легендарниот „Ил Феномено“ предизвика многу коментари и бес меѓу фановите на Барселона коментирајќи го токму споменатиот гол.
Во излагањето кое го имал за „Мовистар+“, на Роналдо му бил пуштен голот кој го постигна против Компостела во 1996 година како член на Барселона, а Бразилецот истакнал дека иако тој погодок можеби е и најдобар во неговата кариера, сепак жали што не го постигнал како фудбалер на Реал Мадрид.
– За да го постигнеш тој гол, мора да имаш претходно направена перфектна визија на теренот бидејќи немаш време за размислување. Тоа беше навистина убав гол, но сепак жалам за едно нешто поврзано со истиот. Жалам што истиот не го постигнав како фудбалер на Реал Мадрид, – истакнал Роналдо, чија изјава предизвика голем бес меѓу фановите на Барселона, а од каталонските медиуми е протолкувана како директна провокација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)