Со размачкани јајца на мерцедесот, соиграчите од Стоук го прославија последниот меч во кариерата на Мајкл Овен. Некогашниот репрезентативец на Англија воопшто не настапи на дуелот со Тотенхем, пред два дена, а на заминување си го најде автомобилот со невообичаен декор.
– Оваа шега ќе ја паметам засекогаш. Ќе ми недостигаат ваквите моменти. Со вакви соиграчи можеби ќе размислам дали да се пензионирам – напиша Овен на профилот на „Твитер“. Честите повреди го спречија одличниот напаѓач да го презентира талентот во цел сјај, па и во Стоук ретко настапуваше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“