| четврток, 6 декември 2018 |

Моџи: Јувентус има добра иднина, но е далеку од освојување на Лигата на шампионите

lucijano-mogi

Поранешниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи, смета дека Јувентус се уште не е подготвен за освојување на Лигата на шампионите, а според него, Дибала и Игуаин се фудбалерите кои ќе бидат носечка сила на тимот оваа сезона.

– Можеме да кажеме дека Јувентус е еден од најдобрите тимови во Европа. Се уште не се зрели за освојување на Лигата на шампионите, затоа што пред нив е една Барселона, кој е технички супериорен тим. Но, имајте на ум дека Јувентус има играчи како Дибала и Игуаин, кои можат да бидат смртоносни за противникот. Иако Игуаин некогаш не игра добро, тој со еден потег може да го реши победникот. За Лигата на шампионите ќе треба добро да се подготват, а во Италија се несомнено најдобри – истакна Моџи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top