| четврток, 6 декември 2018 |

„Форбс“ го прогласи Роџер Федерер за највреден спортски бренд во светот

Реномираниот магазин „Форбс“ го прогласи еден од најдобрите светски тенисери, Роџер Федерер за највреден спортски бренд во светот.

На листата на која има 40 имиња Швајцарецот се наоѓа на врвот чиј бренд „тежи“ 37 милиони долари. На второто место е Леброн Џејмс, кошаркарот на Кливленд кој е 34 милиони долари, а зад нив следат голферот Фил Микелсон, атлетичарот Јусеин Болт, голферот Тајгер Вудс. Интересно е што Кристијано Роналдо, еден од најдобрите светски фудбалери е дури на шестото место, со вредност од 19 милиони долари.

Главните причини зошто Федерер е на првата позиција се богатите спонзорски договори со гигантски компании како „Најк“, „Ролекс“, „Мерцедес“, „Вилсон“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top