ПС ОН Валандово поднесе кривична пријава против лицето К.С. (20) од Струмица, со живеалиште во с.Чалакли, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на безбедноста на сообраќајот.
Пријавениот на 18 јули во 18.30 часот на локалниот пат с.Чалакли-с.Собри, управувајќи моторцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, удрил во две лица – пешаци. Пријавениот изгубил контрола над моторциклот и удрил во пешаците по што паднал заедно со петнаесетгодишниот сопатник. По незгодата двајцата станале и продолжиле со моторциклот.
Во незгодата се телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, кои по укажаната помош во Здравствен дом Валандово биле префрлени во МЦ Струмица на понатамошно испитување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.