| четврток, 6 декември 2018 |

Најава за апокалипса? Во ноември две недели ќе живееме без сонце (видео)

Меѓу 15 и 29 ноември на земјата ќе настапи целосна темница. Овие шпекулации потекнуваат од Американската вселенска агенција (НАСА) и почнаа да се шират на интернет.

Порталот „Динос Марк“ ги пренесува тврдењата според кои апокалиптичниот настан ќе предзвика „астрономска појава меѓу Венера и Јупитер“.

8158_untitled-2_f

– Според извештајот на НАСА, Венера и Јупитер ќе бидат во приближно рамнење, со само еден степен отстапување. Венера ќе пројде југозападно од Јупиттер, па поради тоа ќе сјае 10 пати посилно од Јупитер. Светлината од Венера ќе ги загрее гасовите на Јупитер, што ќе предизвика реакција – пишува „Дејли стар“.

Ова, наводно ќе предизвика ослободување на незабележителна количина водород, кој ќе реагира со Сонцето, а тоа ќе предизвика огромна експолозија. Сонцето тогаш ќе емитува толку топлина што ќе посини, и ќе му бидат потребни повеќе од 14 дена да се врати во нормалната состојба.

Оваа ситуација нема да создаде премногу грижи за жителите кои ќе имаат шанса да ја почувстуваат зимата која ја преживуваат луѓето на Аљаска.

НАСА ги демантираше овие тврдења, со коментар дека такво затемнување не се случило во последните милион години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top