| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК ќе го стави на увид Избирачкиот список

dik

Државната изборна комисија денеска ќе го стави на увид избирачкиот список, при што граѓаните ќе можат да извршат проверка на запишаните податоци. Увидот, како што е предвидено со Роковникот на Комисијата, ќе заврши на 11 ноември. Десет дена подоцна, односно на 21 ноември ДИК треба да го заклучи списокот, а на 1 декември и да го потпише.

Во меѓувреме тече рокот за пријавување на граѓаните за гласање на изборите и се на привремена работа или престој во странство.

Вчера заклучно до 14 часот вкупно 2.099  граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за гласање за претстојните предвремени избори.

Од нив, како што соопшти ДИК, прифатени се 1.413 пријави, 61 се одбиени, а 625 се во обработка.

Од Државната изборна комисија соопштуваат дека пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии ќе трае до 11 ноември 2016 година.

Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top