-За мене е сосема јасно дека сакаат да ја убијат мама, дека станува збор за убиство со умисла – изјави Евгенија во соопштение лиферувано од партијата на Тимошенко Општоукраинско обединување „Татковина“.Тимошенко издржува седумгодишна затворска казна заради злоупотреба на власта. Доколку биде прогласена за виновна и по обвинението за организирање убиство, таа може да добие доживотна затворска казна. Украинското обвинителство денеска објави видео снимка од моментот кога директорот на затворот во кој се наоѓа Тимошенко, ја информира за новите обвиненија против неа. Од снимката се гледа дека таа информацијата ја примила мирно. На снимката се гледа дека таа е во болничка соба од затворот, каде се лекува од дискус хернија. Тимошенко го прашува директорот на затворот зошто ја посетува во отсуство на нејзините адвокати и дури се потсмевнува, пред да го потпише документот со кој таа е инфомирана дека ги добила документите за новите обвиненија против неа.Досега Тимошенко беше свидок во случајот со убиството на бизнисменот. Сега таа ги отфрла сите обвиненија и тврди дека е ова лична одмазда на претседателот Јанукович.Главниот адвокат на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, Сергеј Власенко, изјави дека е под истрага и дека стравува од апсење во најскоро време, пренесоа американските медиуми
Власенко изјави дека е обвинуван за кражба на автомобил, за грабеж и за непочитување на судска одлука, поврзана со неговиот развод, а која била донесена пред неколку години.
Според Власенко, обвиненијата се дел од кампањата, организирана од политичкиот противник на Тимошенко, украинскиот претседател Виктор Јанукович. Целта била Власенко да се испрати во затвор и Тимошенко да остане без одбрана, во моментот кога е осомничена за организирање на убиството на бизнисмен, што било пред приближно 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.