| четврток, 6 декември 2018 |

Тахаруш – што ни донесоа белаците (ВИДЕО)

Светската јавност се запозна со „тахаруш“ за време на Арапската пролет и протестите во каиро, кога на Плоштадот Тахрир беше силувана американската новинарка Лара Логан. Но, и многу пред тоа жените во тој дел на светот минувале низ истата тортура

Монструозниот чин кога група мажи на улица ќе заобиколат жена и внимателно по организирано сценарио сексулано ја злоупотребуваат – од пипкање до силување, а потоа и ќе ја ограбат – во овие краишта го викале флерт, додека египетските борци за човекови права не направиле чекор понапред и не почнале да зборуваат гласно за праксата која ги зибрка жените од улиците и од јавните простори, па конечно по десетина години флертот го добил вистинското име – тахаруш (групно сексуално вознемирување).

taharush

Токму оваа практика на ритуално сексално насилство, која некои ја нарекуваат „арапска игра на силување“, е она што се случи на Нова година во Келн, па и во цела Германија, но се случува и во Европа, велат од германската Федерална криминалистичка канцеларија.

Тахаруш се одвива на јавен простор (кој за жените, особено ако се движат сами, е несигурен простор во многу општества) и секогаш во толпа. Светската јавност се запозна со „тахаруш“ за време на Арапската пролет и протестите во каиро, кога на Плоштадот Тахрир беше силувана американската новинарка Лара Логан. Но, и многу пред тоа жените во тој дел на светот минувале низ истата тортура.

Група насилници се делат во помали групи и ја обиколуваат жртвата. Надворешниот круг делува како штит, централниот го сочинуваат набљудувачи на силувањето, а внатрешниот напаѓачи. Во гужвата и во буката, како шт е обично за време на демонстрации, новогодишни собири и сл. нападите минуваат незабележано.

Слабата или никаква реакција и санкционирање на насилниците и односост кон жените кои треба да ја докажат невиноста за да можат да обвинат за силување ѝ даваат сила на оваа практика, а насилниците се охрабруваат од флерт да преминат на физички напади, пишува Хинд Ахмед Заки од Вашингтонскиот универзитет.

taharush

Во Европа овие напади се новост, иако и досега спорадично биле забележани, на пример на концерти, но силите на редот се воздржувале да ги наречат тахаруш и поради опасноста од поистоветување на сите мигранти со насилниците кои имаат име и презиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top