| четврток, 6 декември 2018 |

Не го нашол љубовникот на поранешната девојка, па ги искасапил татко му и кумот

ubi

Двојно убиство синоќа се случило во населбата Дубрава во Загреб.

Полицијата го уапси убиецот кој со нож усмртил двајца мажи на возраст од 67 и 42 години. Според информациите убиецот го барал момчето на својата поранешна девојка, во неговиот дом, но кога не го нашол, го убил татко му и неговиот сосед. Убиени се Владо Пешељ и неговиот кум Ивица Пилија, а медиумите пренесуваат дека во време на убиството бил забележан помлад маж како ја напушта куќата во која се случило злосторството.

Неколку дена пред крвавиот настан, поранешната девојка на убиецот го напуштила земајќи ја со себе и заедничката ќерка. Оттогаш жената и детето се водат како исчезнати, како и момчето на неговата поранешна девојка и син на убиениот Пешељ..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top