| четврток, 6 декември 2018 |

Цената не престанува да паѓа: Никој не ја сака луксузната вила со марина (ФОТО+ВИДЕО)

Изгледа како една од луксузните вили во Мајами, но има душа на Бруклин. Пред три години ова беше најскапата недвижност во Бруклин, а се продаваше за 30 милиони долариЕдна година подоцна цената ѝ падна за речиси половина и се продаваше за 17 милиони долари. Денес чини само 12,5 милиони долари.

Оваа трикатна куќа во Мил Басии се простира на 23.000 метри квадратни. Раскошната вила има 10 соби, простор за приеми за 40 луѓе и библиотека, а во дворот со површина од 30.000 квадратни метри има огромен базен. Куќата има и винска визба, гаража за четири автомобили и брод, за кој има проватна марина.

Куќата ја изградил Џон Росати, мултимилионер блиско поврзан со мафијашката фамилија Коломбо. Во доцните 90-ти за 3 милиони долари ѝ јапродал на руската богаташка Галина Анисимова, позната како мајка на руската Парис Холтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top