Фудбалерите на Јувентус и Наполи викендов ќе го одиграат големото дерби на италијанската Серија А во Торино. Тензиите пред овој меч меѓу навивачите на двата тима го достигна врвот, а италијанската полиција се одлучи поради преголем ризик забрани на навивачите на Наполи да доаѓаат на натпреварот. Во центарот на вниманието секако ќе биде напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, кој летово за огромна сума стигна од Неапол.
– Како ќе се поздравам во сабота? На ист начин кога таткото го поздравува синот на кого е лут, изјавил тренерот на Наполи, Маурисио Сари на прашањето како ќе се поздрави со Игуаин.
Белгискиот играч од средината на теренот она Наполи, Дрис Мертенс пак на шега изјавил дека кога ќе го види поранешниот соиграч ќе му удри шамар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.