Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на изборите на 11 декември, секојдневно остваруваат средби со граѓани низ цела Македонија.
Денеска во Струга на средби со граѓани беше Цветко Грозданов каде што се присетија на она што СДСМ го направи на штета на овој град.
– Да не заборавиме она што во 2004 година СДСМ го направи на Струга и Кичево, денес сме сведоци дека истото се подготвува да го направи на територијата на цела Македонија, со воведувањето на двојазичноста и федерализација на Македонија. Да не заборавиме дека Струга најмногу го почувствува тоа и дека во тој временски период СДСМ тргуваше со националните чувства и интереси на државата, подвлече тој.
Грозданов порача дека нема тргување со националните интереси и чувства.
– Народот треба да биде единствен и да излезе на претстојните парламентарни избори и без уцени и притисоци да одлучи на кого ќе го даде гласот. Ние сме свесни дека со ваквата политика на СДСМ е погубна и затоа очекуваме дека народот ќе ни даде Поддршка за 63 пратеници, вели Грозданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)