Денес сме во светиниколско, разговараме со огромен број на граѓани, со задоволство можам да кажам дека овој град на почетокот на Источна Македонија во Централна Македонија е град кој што беше слепо црево на Истокот на Република Македонија, a многу наскоро со изградбата на автопатот кон Скопје ќе стане еден од транзитните центри кој што ќе ја поврзува цела Источна Македонија со Централна Македонија, порача Илија Димовски кој денеска е во Свети Николе во рамки на посетите кои ги остваруваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните низ Македонија.
– Тука се гради автопатот Штип-Свети Николе, кој што е на 500 метри од центарот на градот и кој што Свети Николе го доведе до 39 километри до Скопје, поврзан со автопатска линија, што значи дека можностите за развој на овој град во поглед на изградена инфраструктура, а тоа значи поддршка за инвестиции, после изградбата на автопатот Штип-Скопје ќе биде многу значително зголемена. Дополнително, паралелно се работат уште на два капитални проекти. Едниот проект е експресниот пат Кадрифаково-Велес, кој што исто така на Свети Николе ќе му даде значајна позиција. Но би сакал да кажам дека и во овој дел во тек е и изработка на проектна документација за изградба на крак од гасоводниот систем кој што ќе оди на релација Клечовце – Свети Николе – Велес и кој што многу наскоро ќе донесе гас и во Свети Николе и во Велес и со тоа и Свети Николе и Велес ќе бидат конкурентни градови за изградба на индустриски објекти, заради тоа што енергијата ќе биде многу поевтина, а после изградбата на секундарна мрежа кога ќе може тој гас да се донесе и до домаќинствата во овие градови и цената на трошокот за енергија кое што го прави секое семејство ќе биде значително помала. Исто така би сакал да потенцирам дека во Свети Николе над 2.000 семејства секоја година добиваат поддршка од државата по основ на субвенции во земјоделието, рече Димовски.
Тука во Свети Николе земјоделието е исклучително значајно. Тука народот е работлив и си го заработува лебот, но после воведување на политиките на Владата на Република Македонија за субвенции, драстично е зголемен бројот на луѓе кои што се занимаваат со земјоделие и драстично е зголемена добивката која што тие ја остваруваат од земјоделска дејност, потенцираше Димовски.
– Веќе повеќе стотици фамилии во Свети Николе живеат исклучиво од земјоделската дејност што е добро за поздравување. Последниот период секако како тим планираме да работиме на привлекување на странски инвестиции кој што ги гледаме и во Штип и во Велес, но целта ни е да донесеме странски инвестиции и во Свети Николе како би дошле во ситуација, оние работници кои што и денеска работат во странска компанија кои треба да патуваат до двата соседни големи градови, би им создале услови да го прават тоа во своето родно место и да немаат потреба да патуваат, додава Димовски.
Тој подвлече дека тука никој нити прашува ниту па се согласува со идеите за федерализација на државата со идеите за редефинирање на уставното уредување на Република Македонија.
– Никој не се согласува со воведување на двојазичност, никој не се согласува со виткање на кичмата и попуштање спрема нашиот јужен сосед во поглед на заштита на уставното име на Република Македонија, ниту па некој се интересира и сака да ги слуша оние негативни, шпекулативни, манипулативни и лажни кампањи кои што ги тера СДСМ и нивните одработувачи. Граѓаните на Свети николе и граѓаните на цела Источна Македонија порачуваат дека е време да запре кризата и во оваа држава повторно да се врати на патеката за изградба на инфраструктура, изградба на автопати, изградба на експресни патишта, изградба на гасоводни системи, нови енергетски системи, изградба на локални патишта, изградба на водоводна, канализациона мрежа насекаде, во сите населени места и отворање на нови фабрики. Тоа е нашата цел за Македонија, изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, заклучи Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)