| четврток, 6 декември 2018 |

Ја пукале, ја врзале со жица и ја закопале жива: Кучката Стар го преживеала невозможното (Видео)

 

Случајот за ова куче кое преживеало неверојатна тортура доаѓа од Малта. Ја пукале околу 40 пати со воздушна пушка/пиштол по што живо го закопале, но за среќа кучката успеала да преживее.

Доколку не ја пронашол офицер од градот Бирзебуга таа сигурно ќе починела. Тој ја слушнал како ги испушта последните крици, а кога стигнал на местото се шокирал.

Несреќата кучка била закопана жива во земјата и само главата и била надвор, но муцката и нозете и биле врзани со жица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top