Дритон Селмани од Косово покажа дека секој може да направи спортски автомобил. Во сиромашниот крај во кој што живее и натаму наместо автомобили се користат коњски запреги, па неговиот направен „ламборгини“ е вистинска атракција.
-Секој сака да има скап автомобил. Никако не можев да си дозволам такво возило, зошто знаев дека тоа е суперлуксузен бренд со висока цена, па ми дојде логично да си направам едно. Мислам дека направивме добра работа, пријателите одлично ме прифатија исто така и роднините, соседите и познаниците. Добро е, рече Дритон Селмани.
Работата траела повеќе од година дена. Користел каросерии и делови од други автомобили кои му биле на располагање. Внимателната работа на крајот му се исплатеше. Резултатот е импресивно возило со кое сега се вози низ цел град и околината. Освен волја за изработка на автомобилот од соништата, потребна му била и помош од пријателите.
-Јас сум ентузијаст за спортски автомобили и мојата работа е поправање на возила. Разговарал со колегите и ги прашав: Сакате ли да направиме такво нешто? Ми требаше нивната поддршка за да почнам и така тргна работата. Почна како мала авантура, а додека работевме резултатите беа одлични и така го добивме ова, рече Дритон.
Уникатниот лимен љубимец има мотор од 222 коњски сили. Оригиналниот мотор на ваквото ламборџини исто така е посебен и е произведен само во 21 примерок. Секој има мотор со 660 коњски сили, а ако сака да го купи, мора да издвои милион и шесто илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)