Фенербахче скапо ја плати победата над Жалгирис откако Богдан Богдановиќ заработи незгодна повреда на скочниот зглоб поради која не можеше да го доврши синоќешниот натпревар. Турскиот шампион по извршените лекарски прегледи објави дека повредата на Србинот не е премногу сериозна, но тој ќе мора да паузира најмалку две седмици од кошаркарските терени.
– Прегледите врз Богдан Богдановиќ се завршени, а лекарите констатираа истегнување на лигаментите во скочниот зглоб на десната нога. Тој веднаш ќе влезе во рехабилитациска програма, а се очекува да може да се врати на терените за две до три седмици – објавија од таборот на Фенербахче.
Ова значи дека Богдановиќ ќе ги пропушти следните три средби на Фенербахче во Евролигата, против Галатасарај, Уникс Казан и Басконија, но и незгодните пресметки во турскиот шампионат против Каршијака и Дарушафака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.