Во понеделник, 31 октомври, истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1 за обработлива земјоделска површина со големина од 10 до 50 хектари, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да се подигне во Агенцијата или да се преземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2016“ – „Обрасци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди