| четврток, 6 декември 2018 |

Почина затвореник од Идризово

Вчера во 17.00 часот во ЕИК-Скопје од Клинички центар-Клиника за гастрологија, било пријавено дека истиот ден во 15.27 часот на клиниката починал Б.И. (29) од с.Лојане, кумановско.

Истиот издржувал казна затвор во КПУ-Идризово и боледувал од цироза, а на 24 октомври бил донесен во клиниката поради влошена здравствена состојба.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top