Поради штрајк на кабинскиот персонал на авиокомпаниите „Еуровингс“ и „Џерманвингс“ денеска над 50 илјади патници ќе имаат проблем да стигнат на планираните дестинации.
Вкупно се одложени 380 меѓународни и домашни летови од аеродромите во Дизелдорф, Келн, Дортмунд, Хановер, Штутгарт, Берлин и Хамбург, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Нискобуџетните компании „Еуровингс“ и „Џерманвингс“ се во сопственост на германскиот национален авиопревозник „Луфтханза“, а штрајкот во нив започна поради спорот околу договорите за хонорарна работа со кои е вработен дел од кабинскиот персонал.
Асоцијацијата на работниците во авиосообраќајот УФО денеска изрази жалење за штрајкот, но од таму се тврди дека преговорите со менаџментот на компаниите дошле во фаза во која само прекин на работата може да донесе надминување на состојбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.