Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ одбележува една година од постењето на 28 октомври. За една година од постоењето на овој јавен простор биле реализирани 311 настани од најразличен формат: јавни дебати, прес- конференции, кулинарски работилници и тематски вечери со готвачи од цела Европа, фестивали, филмски проекции, базари, продажни и туристички саеми, музички настани, семинари, обуки, работилници и изложби, прослави.
Како награда за публиката на 28 октомври се организира целовечерен настап на диџеј Марко Настиќ, и влезот за сите посетители е слободен.
Неделата на дизајн во Скопје и оваа година ќе се одржи во „Јавна соба“ од 23 до 27 ноември. Изминатата година на престој по 30 дена беа девет дизајнери од цела Европа кои оставија свој печат во „Јавна соба“.
Оваа година на фестивалот Недела на дизајн во Скопје ќе бидат претставени повеќе млади брендови кои настанаа во изминатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.