| четврток, 6 декември 2018 |

Лејкерси победуваат и без Коби, добрата игра на Дејвис не му помогна на Њу Орлеанс

Блескавите партии на Демар Дерозан, Јонас Валнчуинас, Расел Вестбрук, Џордан Кларксон, Џејмс Харден и Ентони Дејвис ги обележаа десетте натпревари во НБА лигата кои се одиграа ноќеска.

Вицепрвакот во Источната конференција Торонто славеше против Детроит 109-91. Дерозан постигна 40 поени (21 во третата четвртина), а Валанчуинас забележа „дабл-дабл“ од 32 поени и 11 скокови.

Оклахома победи во Филаделфија 103-97. Расел Вестбрук беше на чекор до „трипл-дабл“, тој натпреварот го заврши со 32 поени, 12 скокови и 9 асистенции. На спротивната страна дебитантот Џоел Ембид за 22 минути постигна 20 поени.

Лејкерси, во ерата без Коби Брајант, влегоа со победа над Хјустон 120-114. Џордан Кларксон ги предводеше „езерџиите“, за 25 минути колку што мина на теренот тој постигна исто толку поени. На Хјустон не му помогнаа ниту 34 поени и 17 асистенции на Џејмс Харден.

Неверојатен меч одигра и центарот на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис, но неговиот тим не успеа да слави против Денвер 102-107. Дејвис, кој пред две недели се врати на терените по тешката повреда натпреварот го заврши со 50 поени, 16 скокови, 7 украдени топки, 5 аситенции и 4 блокади

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top