| четврток, 6 декември 2018 |

Шеиците од Манчестер сити го изнафалија Манчини и му врачија отказ

Шеиците што се сопственици на Манчестер сити го изнафалија Роберто Манчини и веднаш му врачија отказ. Италијанскиот стратег од синоќа не е веќе тренер на ланскиот шампион, а наследник, веројатно, ќе му биде Мануел Пелегрини, актуелниот кормилар на Малага.

– Резултатите на Манчини говорат сами за себе. Ни ја донесе титулата во Премиер-лигата по 35 години пауза и затоа го респектираме сите. И шеикот Менсур и јас и сите членови на Управата на Манчестер сити. Роберто направи многу за клубот во изминатите три и пол години. Му благодариме за одлично завршената работа – изјави претседателот на Сити, Калдон ал Мубарак.

Говор  како од бајките, за квалитетите на Манчини, а на јаве следуваше отказ за менаџерот на Сити. Интересен начин на работа на шеиците од Емиратите. Тие одлучија до крајот на оваа сезона сините од „Итихад“ да ги води Брајан Кид, досегашниот асистент на Манчини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top