Охрид се најде меѓу 10 те најдобри градови кои треба да се посетат во 2017. Ова го објави најголемиот светски туристички портал и издавач „Лонли планет“. Духовниот центар на Македонија е петти на листата, објавена во публикацијата кое еднаш годишно се издава.
Охрид е пред Москва и Сеул, а зад себе ги остави и италијанскиот град Пистоија како и Лисабон и Портланд.
Пред него се Бордо од Франција, Кејптаун во Јужна Африка, Лос Анџелес, и Мерида во Мексико.
– Охрид се трансформираше од македонски религиозен центар во најпосетената туристичката дестинација на земјата. Најдобрата глетка на Охрид е од чамец во неверојатно сините води на езерото, стои во публикацијата.
Публикацијата излегува непосредно пред саемот Светска берза на туризам во Лондон и претставува одлична препорака за тоа каде најмногу ќе се патува следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.