Видеото на кое што наводно може да се види змеј (или нешто слично на тоа) како лета над планина во област во Кина, ја подигна кинеската јавност на нозе и ги подели мислењата.
Додека некои тврдат дека станува збор за монтирано видео, некои веруваат дека ова би можело да биде доказ за постоењето на ова митско суштество.
Човекот кој што го снимал видеото, за кинеските медиуми изјавил дека сакал да ја сними птицата на небото, но откако зумирал, забележал дека тоа е една „необична птица“, односно животно кое што потсетува на змеј.
Многумина веруваат дека ова е доказ дека на Земјата и ден денес живее ова митско суштество, додека други тврдат дека станува збор за една обична измама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)