| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го намалите крвниот притисок?

blood pressure

Висок крвен притисок предизвикува мозочен удар, срцев удар и болести на срцето и е најголем предизвикувач на инвалидност и на прерана смрт во светот. Ова е подмолна болест која тешко се открива и која со години не мора да покажува никакви знаци.

Ако вашиот притисок е премногу висок, тоа дополнително ги оптоварува срцето и крвните садови. Со тек на време, тоа дополнително оптоварување може да ги оштети органите на телото и да предизвика здравствени проблеми. Ако имате висок крвен притисок и не го контролирате, тоа го зголемува ризикот од срцев и од мозочен удар. Високиот крвен притисок може, исто така, да предизвика срцеви болести и болести на бубрезите, а се поврзува и со некои облици на деменција.

Некои луѓе можат да имаат висок крвен притисок кој е поврзан со некоја друга болест, на пример, болест на бубрезите. Излекувањето на одредена болест може кај тие луѓе да го намали крвниот притисок на нормална вредност.

1. Консумирајте храна со помалку сол

Премногу сол го зголемува крвниот притисок, па мора да го намалите внесувањето сол. Повеќето сол што ќе ја изедете не е онаа сол со која ја посолувате храната, туку во готовата храна како леб, житни снегулки и готови јадења. Немојте да додавате сол кога готвите или дополнително да ја солите храната. Кога купувате храна, проверете ги натписите на пакувањето и изберете храна со низок процент на сол.

2. Консумирајте повеќе овошје и зеленчук
Консумација на овошје и зеленчук го намалува крвниот притисок . Возрасните секојдневно треба да земаат по пет оброци овошје и зеленчук. Еден оброк изнесува 80 грама, што е околу една ваша дланка. Јадете разни видови овошје и зеленчук. Тоа може да биде сушено, смрзнато или конзервирано овошје и зеленчук, но внимавајте на дополнителната сол, шеќер или маснотии. Лук, кромид или цвекло се одлични продукти за намалување на крвниот притисок.

3. Намалете ја консумацијата на алкохол
Ако пиете премногу алкохолни пијалаци, тоа ќе го зголеми вашиот крвен притисок со тек на времето. Препорачана вредност за мажи е 21 единица алкохол неделно, а 14 единици алкохол за жени. Единица е 300 милилитри пиво, мала чаша вино или чашка жесток алкохолен пијалак. Ако се придржувате на препорачаните ограничувања, тоа би требало поволно да влијае на нискиот крвен притисок.

4. Одржувајте нормална тежина
Ако е потребно, ослабете. Тоа ќе го намали вашиот крвен притисок и ќе го намали ризикот од срцеви заболувања. Најдобар начин да ослабете е да изберете немасна и нискокалорична храна и да ја зголемите физичката активност. Не треба да држите диета за да ослабете. Поставете си реални цели. Направете мали измени во својата исхрана и во физичката активност така што истите ќе можете да ги практикувате целиот живот.

5. Движете се
Триесет минути умерено вежбање, пет пати неделно, го одржува вашето срце здраво и може да го намали крвниот притисок. Ако не можете да најдете 30 минути за вежбање во текот на денот, ќе си помогнете ако и минимално ја зголемите активноста. Размислете како би можеле физички да се активирате во текот на денот. Идеална е секоја активност која ќе ве испоти и при која ќе останете без малку здив.

6. Научете да се справувате со стресот
Докажано е дека медитацијата значително го намалува крвниот притисок. Ако верувате во алтернативните начини на лекување, пробајте со акупунктура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top