Дојдено е времето за ставање крај на кризата. На 11 декември народот ќе гласа против СДСМ, ќе го даде својот глас против СДСМ затоа што е против нивните деструктивни активности, затоа што е против дестабилизација на РМ и затоа што е против редефинирање на нашата држава и е против воведување на двојазичност на целата територија на РМ. Ова го истакна Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ на денешните средби со граѓаните на Македонски Брод.
Додаде дека народот многу добро знае што направила ВМРО-ДПМНЕ изминатите десет години, како што посочи, ги знае реализираните проекти, големиот број на мерки коишто се реализирани со цел подобрување на животот на граѓаните од секоја општина во Македонија.
– Тука се и позитивните ефекти коишто произлегуваат од нашата работа од нашата посветеност во подобрување на бизнис климата, во реализација на мерки за привлекување голем број странски инвестиции, отворање на нови работни места…, истакна Спасов.
По Дуинг бизнис, рече, Македонија е рангирана ако десетта земја во светот што, според него, е огромна потврда за успехот којшто го постигнуваат политиките коишто ги реализира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
– Изминатите десет години ја намаливме невработеноста на историски најниско ниво на 24 проценти. Ако во Македонски Брод имаше околу 2.600 невработени во 2006 година денес во евиденцијата на невработени лица има околу 1.700 лица. Тоа е за околу 33 отсто намалување на невработеноста во оваа општина, додека пак на ниво на РМ невработеноста беше 38 проценти или во 2005 на историски највисоко ниво денес невработеноста е на историски најниско ниво во 24 проценти, релч тој.
Уверен е дека граѓаните ќе го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ затоа што, како што потенцира, сакаат проектите за подобрување на нивниот живот да продолжат, да се продолжи со реализација на нови мерки, на нови проекти со изградба на автопатишта, изградба на болници, на училишта, на градинки со отворање на нови работни места и со решавање на проблемите, на реалните проблеми коишто ги мачат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Социјалните мрежи вријат- Граѓаните до Заев: Предавник, капитулатор, лажго
-
Министерот за култура се сретна со амбасадорите на Турција и на Унгарија
-
За Шилегов граѓаните кои протеситрале кај Дрисла биле „примитивци“, а советниците во град Скопје „нелуѓе“
-
ВМРО-ДПМНЕ: По доаѓањето на СДСМ животот во Македонија не дојде за граѓаните