| четврток, 6 декември 2018 |

Евролига одлучи, завршниот турнир во 2018 година ќе се игра во Белград (видео)

kombank-arena

Белград, престолнината на нашиот сосед од северот, ја доби организацијата на завршниот турнир на Евролигата за наредната сезона. Денес и официјално беше потпишан договорот за организирање на турнирот на најелитното клупско кошаркарско натпреварување во Европа од страна на Џорди Бертомеу, првиот човек на Евролигата и Синиша Мали градоначалникот на Белград.

„Задоволство ми е што сум овде и што фајналфор турнирот ќе биде одржан во Комбанк арената“ – истакна Бертомеу при потпишувањето на договорот.

Завршниот турнир од оваа сезона на Евролигата ќе биде одржан во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top