Министерот за здравство Никола Тодоров денеска објави нова мега мерка во здравството со која 463.000 жители од Македонија кои живеат во населени места со помалку од 1000 жители, ќе можат за првпат лековите да ги добиваат во нивниот дом или во нивното населено место. Станува збор за мерката „Подвижна аптека“ со која ќе бидат опфатени 542 населени места.
Тодоров истакна дека Министерството за здравство ќе додели 10 нови лиценци за подвижни аптеки во 10 региони во Р. Македонија.
Проектот „ Подвижни аптеки “ е поврзан со проектот „ Рурален доктор“. Досега преку „Рурален доктор“ над 200 илјади граѓани кои што живеат во рурални области во Македонија добиле здравствена услуга од руралните доктори.
-Секогаш кога руралниот доктор ќе отиде во некое населено место и ќе изврши некој преглед и препише определен рецепт на некој пациент, подвижната аптека е должна веднаш, а најдоцна во рок од 2 дена да му го однесе лекот на пациентот дома или во неговото населено место. Ова е огромен бенефит за пациентите кои живеат во руралните подрачја, рече Тодоров.
Министерот посочи дека овој проект се поврзува и со проектот „Рурална аптека“ .
-Проектот рурална аптека до сега функционира во 38 општини, а отворени се 67 аптеки со кој што се покриени над 180.000 жители . Проектот рурална аптека се однесува за населени места кои што имаат повеќе од 1000, а помалку од 3500 жители, рече Тододров.
Со подвижните и руралните аптеки се опфаќаат на д 880.000 граѓани во државата на кои ќе им се олесни пристапот до лекови.
Подвижните аптеки веќе од наредниот месец ќе започнат да функционираат во следните населени места:
-Велес, Чашка, Градско и Лозово со кои што ќе бидат опфатени 86 населени места, а бенефит ќе имаат 70.000 жители.
-Кривогаштани и Долнени во 44 населени места за 19.300 жител
-Крива Паланка, Ранковце и Кратово во 80 населени места, за над 34.000 жители.
-Берово, Пехчево и Делчево, Македонска Каменица и Виница во 54 населени места, за над 64 жители
-Карбинци , Зрновци, Чешиново, Облешево во 39 населени места со кој се опфатени 14.000 жители
-Арачиново, Илинден, Петровец во 25 населени места, за над 36.000 жители
Демир Хисар и Крушево вонад 57 населени места, за 18.500 жители
-Битола во 59 населени места, за 100.000 жители
-Ресен и Охрид во над 60 населени места, за 83.300 жители
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.