Вчера во 17.00 часот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, како депортирано лице од Германија, допатувала С.А. (18) од Скопје.
По извршена проверка констатирано било дека истата евидира со мерка „апси“. Истата е лишена од слобода и во 19.25 часот е предадена на полициски службеници од ПО Петровец за понатамошна постапка.
Подоцна во 20.00 часот, по извршена проверка, било констатирано дека и лицето С.З. (25) од Куманово евидира со мерка „апси“. Тој е лишен од слобода и во 21.30 часот е предадено на полициски службеници од ПС Гази Баба за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


