Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје има чест да ве покани на Чествување на Васил Куноски. Повод за средбата е сто години од раѓањето на основоположникот на современата македонска поезија за деца. Беседа за Куноски ќе одржи проф.д-р Кристина Николовска а настанот ќе се одржи на 27 октомври (четврток) 2016 година во спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 12.00 часот.
Васил Куноски е еден од основоположниците на современата македонска поезија за деца и амбасадор на детската смеа. Се што поминало низ визирот на неговиот поетски двоглед, добило свој посебен книжевен живот, облагороден со душата на поетот која на најважните нешта им вдахнува значење и постоење…
Васил Куноски е роден на 20 ноември 1916 година во Дебар. Автор е на голем број книги за деца и добитник на повеќе книжевни награди. Преведуван е на неколку странски јазици. Починал во Скопје на 13 јуни 1993 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потребата од дигитализација во 21 век-тема за панел дискусија во библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
Детскиот оддел во градската библиотека во Прилеп ќе добие нов лик
-
Музејот на современа уметност доби Библиотека и истражувачки центар
-
„Влези во нов свет“ – Прва национална кампања за подигање на свеста за улогата на библиотеките во заедницата