Британка останала во шок кога дознала со што навистина се занимава нејзиниот сопруг, по што прво повикала полиција, а подоцна и адвокатот за развод.
Педесетгодишниот Јан Рер преку ден бил посвете на неговата „нормална“ работа како сметководител, но навечер тој станувал вистинскиот јас – транвестит и сопственик на бордел.
Под алтер-его Џенин, Јан Рер во својот бордел вработил девојки кои нудат сексуални задоволства, а за себе земал и до 50 отсто од наплатата.
Кога сопругата дознала за овој бизнис, самата го пријавила во полиција. Во своја одбрана, Јан рекол дека се што сакал е да има салон за масажа, бидејќи бил квалификуван масер, но работите заминале во погрешен правец.
Тој доби шест месеци затвор и треба да одработи 300 часа општествено-корисна работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.